Покетино го прашаа за искуство, а тој кажа виц за крава и воз

by
1 минути читање

„Спарси“ утре гостуваат во Милано кај Интер за воведниот натпревар од Лигата на шампионите, и на денешната средба со медиумите, Маурисио Покетино беше запрашан за тоа колку е важно искуството во вакви големи натпревари во Европа. Аргентинецот имаше интересен одговор и кажа виц за крава и воз.

„Искуството е како крава, која секој ден, 10 години, гледа како возот поминува пред неa во исто време. Доколку ја прашате кравата да ви каже во колку часот поминува возот, таа нема да го знае точниот одговор“ – вели тренерот на Тотенхем.

„Во фудбалот е исто. Да, искуството е важно, но исто како и глад за успех, мотивација, борбеност, и овие работи се многу важни“.

„Често велиме, „искуството ќе ни помогне следната сезона“. Може да помогне, но само доколку го покажете истиот глад за успех, истата мотивација, истата борбеност. Многу работи мора да бидат исти. Во спротивно, само со искуство не победувате на натпревари“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×