Ливерпул профитираше, дали Интер ќе ја искористи оваа шанса?

by
1 минути читање

Ливерпул ја
искористи укажаната прилика, профитираше од проблемите со кои се соочува
Тотенхем и славеше во еден исклучително важен, за тимот на Јирген Клоп меч во
Премиерлигата, и тоа на терен на противникот, сега шансата е кај Интер.

Тотенхем утре
вечер пред своја публика ќе ги одмери силите со италијанскиот калчолигаш, но,
уште поослабен во однос на дербито со Ливерпул, на тој меч ги немаше Деле Али и
Хуго Лорис, а сега на истите им се приклучија и Тоби Алдервирелд и Кјеран
Трипие кои се изоставени за утревечерната пресметка во Лондон.

Шефот на
стручниот штаб на Премиерлигашот, Маурисио Покетино потврди дека Лорис и Али
останале во Лондон, а ситуацијата со Алдервирелд и Трипие ја објасни како „техничка
одлука“.

Ние се уште ги
немаме Лорис, Деле Али и Муса Сисоко. Тие остануваат во Лондон, на листата на
фудбалери се најдоа Фојт и Нкуду. Потоа дојде и до техничка одлука, во Лондон
остануваат и Тоби Алдервирелд и Кјеран Трипие
“ рече Покетино.

Тоа е техничка
одлука, можете да погледнете во речник што значи тоа. Одлука од тактички
причини? Тоа се однесува на теренот, очигледно можете да кажете дека ова е
тактичка вон теренот
“ додаде тој.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×