Утре стартуваат
големите возбудувања во новата сезона од Лигата на шампионите, од осумте средби
предвидени за утре, сигурно дека вниманието на пошироката фудбалска јавност ќе
го привлече дуелот помеѓу Ливерпул и ПСЖ, дефинитивно пресметка која ќе биде
дербито на вечерта.
Нејмар одмараше
за последниот меч на ПСЖ во Лига 1 каде неговиот тим славеше во дуелот со Сент
Етјен, Бразилецот сигурно ќе биде главната опасност кон голот на Англичаните, а
шефот на стручниот штаб на тимот од Енфилд, Јирген Клоп ја коментираше
причината за која Нејмар постојано добива критики на своја адреса,
симулирањата.
„Не ми се
допаѓаат тие работи, проследив неколку ситуации од Светското првенство,
изгледаше дека тој направи повеќе од потребни ситуации отколку што требаше, за
мене, разбирливо е противниците да одат на него“ вели Клоп.
Германскиот
фудбалски стратег има разбирање за првата ѕвезда на францускиот првак, додава
дека има разбирање за него, а причината за тоа, како што вели самиот тој, е да
се заштити себе си на теренот.
„Тој сака да се
заштити себе си, на Светското првенство не беше целосно подготвен но ја презеде
одговорноста да игра за својата држава. Доколку Нејмар беше целосно подготвен,
Бразил ќе победеше“ издвои Клоп кој потоа додаде дека Бразилецот нема потреба
од што да се грижи, неговите избраници сакаат да играат само фудбал, нема да му
се нафрлат целосно нему.
„Нејмар нема
потреба да се грижи, ние нема да се нафрлиме на него, нема да играме на тој
начин, ние сакаме само да играмефудбал, невозможно е да го заобиколите неговиот
квалитет, тој е неверојатен фудбалер“ заклучи тренерот на Ливерпул.