Оливие Жиру во зимскиот преоден рок потпиша едноипол годишен договор со Челси, а тимот од Лондон издвои 18
милиони фунти за неговите услуги, сума која отиде на сметката на неговиот
поранешен клуб Арсенал.
Челси направи
одлична зделка за 31 годишниот напаѓач кој одлично се вклопи во својот нов тим,
иако нема постигнато гол во четирите свои досегашни настапи од новата сезона, прикажа одлични
перформанси, а францускиот напаѓач од првата ѕвезда на тимот, Еден Азар беше
оценет како „најдобриот таргет фудбалер, можеби најдобриот во светот на
фудбалот“.
Жиру проговори за
ривалството со Алваро Мората, истото го оцени како позитивно и подвлече дека
Челси има голем бенефит од сето тоа, додаде дека самото ривалство со шпанскиот
напаѓач го прави подобар на теренот.
„Секогаш постоело
фер ривалство помеѓу нас, ние обајцата ќе се трудиме да направиме чекор напред
за да му помогнеме на тимот да ги реализира своите цели. Не играв на почетокот
на сезоната бидејќи доцна се вратив од Светското првенство, морам да бидам трпелив,
морам да стигнам до едно одредено физичко ниво“ вели Жиру.
„Тренерот рече
дека нема да прави некои промени до крајот на август, беше јасен околу тоа.
Алваро имаше одличен старт на сезоната, ги одработи сите пресезонски
подготовки, беше коректно тоа што ја стартуваше сезоната, среќен сум поради
фактот што имам таков соиграч како него, тој ме прави да бидам подобар. Сево
ова е позитивно за нас двајцата, сакам да играм што е можно повеќе натпревари
колку што можам, сакам да бидам максимално ефективен за да му помогнам на тимот“
додаде тој.