Спалети се пожали по поразот од Парма: Имаше пенал за нас… (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Димарко му нанесе
пораз на Интер, минимален на негов терен, а тоа додатно придонесе за
зголемување на притисокот во тимот на Нероаѕурите, сигурно прв на удар е Лучиано
Спалети, кој не може да го извлече најдоброто од својот тим кој веќе го
забележа вториот пораз во четвртиот меч од новата сезона во Серија А.

Шефот на
стручниот штаб на тимот од Милано по мечот се пожали на арбитражата од
средбата, поточно за спорниот момент каде делителот на правдата Манганиело
одлучи да не досуди најстрога казна за домаќините.

Игравме на свој
стадион пред нашите навивачи по два порази во четири кола, тешко е да се
пронајде извинување за сето тоа, мораме да пружиме подобра игра
“ рече Спалети.

Го погледнав
моментот, имаше игра со рака, не знам како функционира ВАР технологијата, но
сето тоа придонесе за расчистување на опасноста пред голот, топката можеше да
отиде во друг правец, тоа е јасно како ден
“ истакна тренерот на Интер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×