Тотенхем на колена, Ливерпул го освои Вембли за пет од пет (ВИДЕО)

by
1 минути читање

На отварањето на 5. коло од Премиерлигата беше дербито помеѓу Тотенхем и Ливерпул. Избраниците на Јирген Клоп се прикажаа во одлично светло на Вембли и се враќаат дома со три бода.

Откако пропуштија неколку добри шанси, резултатот го отвори Вијналдум во 39. минута. Холанѓанецот се снајде најдобро во една мешаница и со глава погоди за 0-1.

На стартот од вториот дел гостите ја дуплираа предноста, Фирмино реализираше за 0-2 во 54. минута.

Ламела во третата минута од судиското надполнување намали на 1-2, но немаше време за нешто повеќе, па Ливерпул стигна до победата број 5 на исто толку натпревари, што се случува за прв пат по сезоната 1990/91.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×