Челси прв ја имал шансата да го ангажира Мбапе, на крајот пресудила неговата мајка: Земете го веднаш, или…

by
1 минути читање

Килијан Мбапе е
фудбалерот за кого допрва ќе се зборува, момчето блеска во дресот на ПСЖ, а импресионира
и во националниот тим на Франција со кој стигна до светската титула од турнирот
во Русија.

Сигурно дека
скаути под будно око ги следеле неговите настапи од мали нозе, еден од нив е
поранешниот скаут на Челси, Серж Даниел Бога, кој дури и го одвел во тренинг
центарот на англискиот Премиерлигаш каде Французинот брзо импресионирал. Од
Челси не криеле желба да го видат повторно да проба, но, желбите пропаднале по
барањето на мајката на фудбалерот.

Мајката на Мбапе
ми рече
Слушајте, моето дете
нема да се врати повторно, доколку тие го посакуваат, мораат да го земат сега,
во спротивно да се вратат по него за пет години за 50 милиони евра
“ раскажува Бога.

Таа имаше право,
нејзините очекувања од огромниот талент на Мбапе целосно се остварија, дури, не
се ни 50 милиони евра, туку 180 кои веќе некој ги исплати за него
“ додаде тој.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×