Невил со брутален коментар за Погба, од четири гледишта ја образложи ситуацијата на Французинот

by
1 минути читање

Во последните
денови од летниот преоден рок, иднината на Пол Погба во Манчестер јунајтед беше
ставена под знак прашалник. Се шпекулираше дека тој и Мино Рајола побарале од
лидерите на клубот трансфер и веќе се имале договорено со Барселона.

„Ѓаволите“ не
сакаа да слушнат за продажба, но шпекулациите никако да престанат а и самиот
Французин во неколку наврати истакна дека не знае што ќе се случи во месеците
кои претстојат.

Гери Невил во
разговор со Тајмс ја прокоментира ситуацијата на Пол Погба и ја образложи од
четири гледишта.

„Има четири
гледишта, како стручен коментатор, сопственик, фан и личен совет“
– вели поранешниот
дефанзивец.

„Како стручен
коментатор би кажал дека тој е талентиран играч, но сакам од него да видам
поголема конзистентност и лидерство“.

„Како фан,
искрено дел од мене вели дека ниту еден играч не е поголем од клубот и не ме
интересираат луѓе кои гледаат лево и десно. Па, Погба, ако сакаш да играш на
друго место, ајде да ти ја исполниме желбата, на Манчестер јунајтед ќе му биде
добро и без тебе, немој да се грижиш за тоа“.

„Како сопственик
би го правел истото што и Манчестер јунајтед го прави во овој момент, ќе кажам
дека играчот не е на продажба. Клубот мора да ја заштити својата сопственост,
но приватно тие веројатно ќе прифатат зделка бидејќи сакаат да си ги вратат
90-те милиони фунти кои ги инвестираа во него“.

„Доколку се уште
бев во соблекувалната ќе му дадев личен совет и тоа следниов: „Пол, очигледно е
дека сакаш да играш на друго место но мораш да бидеш професионалец. Немој да
бидеш некој кој сите го гледаат како платеник или бунтовник. Не ти треба тоа““.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×