Модриќ бесен по поразот: Недозволиво е вака да го распродаваме угледот

by
1 минути читање

Хрватите како втори на светското првенство ја почнаа Лигата на нации, но доживеаа тежок дебакл во Елче, шест пати се тресеше нивната мрежа. Капитенот Лука Модриќ е разочаран од изданието и предупредува дека мора да се промени пристапот.

„Тежок пораз од кој мора да извлечеме поука. Ако пристапот на секој натпревар не е како што беше на Светското првенство, тешко дека можеме да играме против било кој тим, а особено против некој како Шпанија“, вели Модриќ.

„Почеток на сезона е, не сме во најдобра форма, но без разлика на тоа недозволиво е вака да го распродаваме угледот кој многу тешко го стекнавме. Ако извлечеме поука ќе биде добро, верувам дека ќе биде така. Најлесно е да се критикува и да се каже дека се не е добро, но тоа не сакам да го правам. Пристапот мора да биде поинаков“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×