Погба сакал трансфер во Јувентус, но…

by
1 минути читање

Јувентус се поврзуваше со ангажман на Погба само две години откако тој го напушти Торино, тогаш за рекордна сума.

Според „Калчомеркато“, интересот на Јувентус бил вистински и Погба со задоволство сакал да се врати во клубот.

Неговиот однос со Мурињо не е сјаен, а најдобрите партии во кариерата Погба ги има токму во дресот на Јувентус.

Сепак, Манчестер јунајтед не дозволил да се реализира трансферот ова лето, тие дури не ги ни разгледувале понудите кои пристигнувале за Погба.

Италијанскиот весник смета дека оваа зделка би можела да се реализира следното лето кога Манчестер јунајтед ќе има повеќе време да најде соодветна замена за Погба.

Сепак Јувентус не е единствениот заинтересиран, Погба се поврзува и со Барселона, Реал Мадрид и ПСЖ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×