Според
информациите кои пристигнуваат, се вели дека каталонскиот гигант Барселонна
пријавил сериозен интерес за освежување на средниот ред со евентуален ангажман
на Лукас Пакета.
Според Жоаким
Пиера од „Спорт“, Каталонците веќе се импресионирани од изданијата на 21 годишниот
фудбалер за Фламенго, на Пакета му се предвидува богата кариера а самиот тој со
своите одлични изданија веќе заработи и повик од Тите во селекцијата на Бразил,
дебитираше за сениорскиот состав на Кариоките во победата против САД од 2-0.
„Тој направи
големи чекори оваа година и неговата прогресија не е незабележана во Европа,
Барса, е една од екипите која фрли око на него“ напиша Пиера.
Тој нотира дека
Пакета има важечки договор со Фламенго до 2020. година, во истиот е вметната
откупна клаузула во висина од 50 милиони евра, се шпекулира дека бразилскиот
тим се обидува да подготви нов договор за својата голема надеж за да извлече
поголема сума на евентуална продажба, се најавува нова откупна клаузула во
висина од 70 милиони евра.
data-lang="en">Barcelona are interested in Lucas Paquetá and have
already asked Flamengo about him, according to Sport. pic.twitter.com/GlXPCpRpPE—
Paulo Freitas (@Cynegeticus) September
10, 2018
Пакета ги одигра
завршните 19 минути игра од мечот против САД, влезе на местото на Кутињо, па
еве можност да го проследите неговото деби во дресот на сениорскиот состав на
Кариоките…