768
Франција со 2-1 ја победи Холандија во меч од Лигата на нации. По натпреварот фудбалерите заедно со навивачите ја славеа титулата Светски шампион бидејќи за прв пат играа на домашен терен по освојувањето на најголемиот трофеј.
Главен во прославата беше срамежливиот Нголо Канте. Навивачите имаат песна за него која овој пат ја пееше цел стадион заедно со фудбалерите на Франција.
Од 80.000 грла ечеше песната за Канте кој дефинитивно е еден од најзаслужните за титулата Светски шампион.
Quand le Stade de France reprend la chanson de N’Golo Kanté avec les Bleus pic.twitter.com/i6cJGQxaFI
— L’ÉQUIPE (@lequipe) September 9, 2018