137
Во последно време Зинедин Зидан се најавува како наследник на Жозе Мурињо на кормилото на Манчестер јунајтед. Се говори дека Французинот е подготвен да скокне доколку „Специјалниот“ добие отказ, и наводно веќе има составено и листа со желби и ги има идентификувано играчите кои сака да ги донесе на Олд Трафорд.
Во разговор со ТВЕ, Зинедин Зидан не ги прокоментира овие гласини, но порача дека наскоро ќе му се врати на фудбалот.
„Сигурен сум дека наскоро одново ќе работам како тренер. Фудбалот е мојот живот, уживам во него и набрзо ќе имам ангажман“ – истакна Зизу откако го гледаше натпреварот на својот син Елјаз во академијата на Реал Мадрид.