Зидан веќе составил листа со засилувања доколку го превзеде Манчестер јунајтед, сака четворица играчи

by
1 минути читање

Иднината на
„Специјалниот“ на Олд Трафорд е под знак прашалник поради лошиот старт во новата
сезона како и „војната“ помеѓу тренерот и извршниот потпретседател Ед Вудворд.

Се говори дека
Жозе Мурињо може да добие отказ и на негово место да биде донесен Зинедин
Зидан. Според денешното издание на Мирор, популарниот Зизу со задоволство ќе
каже ДА доколку му биде понудена шансата да го превзеде кормилото на Мначестер
јунајтед.

Французинот на
блиски пријатели им кажал дека очекува да добие повик од „Ѓаволите“ доколку
Жозе Мурињо не ја поправи ситуацијата.

Поранешниот
тренер на Реал Мадрид исто така веќе стокмил листа со желби и сака да донесе
четворица играчи доколку го наследи Португалецот. На списокот се наоѓаат Тони
Крос, Тиаго Алкантара, Хамес Родригез и Единсон Кавани.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×