Црна дамка на вчерашниот меч меѓу Англија и Шпанија беше повредата на Лук Шо кој ја доби при еден случаен судар со Дани Карвахал.
На Шо пет минути му беше укажувана помош на теренот пред да биде качен на носилки и со маска за кислород да биде изнесен од теренот.
Тој веднаш бил префрлен во болница каде што и останал.
Бил свесен, контактирал со фамилијата, а се јави и на својот твитер профил и напиша: „Ви благодарам на сите за љубовта и поддршката, добар сум и во најдобри раце. Борец сум па ќе се вратам наскоро!“.
Лук Шо кој во минатото имаше големи проблеми со повреди, има одличен старт на сезоната во Манчестер јунајтед. Беше фантастичен и против Шпанија додека беше на теренот, голот на Рашфорд е негова заслуга бидејќи падна топку по една негова перфектна асистенција.