Англија добро го почна мечот на Вембли, по една одлична асистенција на Шо, Рашфорд постигна гол за водство од 1-0.
Но до крајот на полувремето Шпанија успеа да направи комплетен пресврт. Само две минути подоцна Сол Нигез постигна гол за изеначување на 1-1. А во 32. минута Родриго реализираше за водство од 2-1 на гостите.
Во вовeдниот дел од второто полувреме Лук Шо заработи една случајна но тешка повреда поради која на носилки беше изнесен од теренот.
Во Лигата А Швајцарија го декласираше Исланд со 6-0.
Во Лига Б, Босна и Херцеговина со 2-1 ја победи Северна Ирска на нејзин терен.
Во Лига Ц, Финска со 1-0 славеше над Унгарија, Грција со истиот резултат победи на гостувањето кај Естонија.
Во Лига Д, Белорусија со 5-0 го прегази Сан Марино, Луксембург со 4-0 беше подобар од Молдавија.