Според
информациите кои пристигнуваат од Италија се вели дека Интер не успеал да
пронајде заеднички јазик со дефанзивецот Милан Шкриниар за нов договор, а
причината за тоа, како што се наведува од таму, е ниската понуда на
калчолигашот.
Словакот
импресионираше во својата прва сезона во дресот на Нероаѕурите, веднаш го
привлече вниманието на јавноста а подолг период беше поврзуван со Манчестер
јунајтед и Барселона.
Првично објавените
информации од Италија велат дека понудата на Интер до својот фудбалер била 2,5
милиони евра годишна плата, речиси двојно од тоа што Словакот моментално го
заработува, наводно Шкриниар бара најмалку 3 милиони евра по сезона.
Карол Ксонто,
агентот на Шкриниар верува дека неговиот фудбалер лесно може да стигне до таа
плата во Премиерлигата, ако се земе во предвид понудата на Манчестер јунајтед
од 65 милиони евра која беше одбиена ова лето.
Нов договор за
Шкриниар не е приоритет за Интер во моментов, особено поради фактот што тој има
важечки договор со клубот до 2022. година, постои време да обете страни се
договорат, но, дали ќе дојде до тоа останува да видиме.