Давиде Сантон ова
лего го облече дресот на Рома како дел од договорот за трансферот на
Раџа Наинголан во Интер, 27 годишниот дефанзивец потпиша четиригодишен договор
со тимот од Рим, а уште на стартот не се сложи со легендата на тој клуб,
Франческо Тоти во однос на тоа дека Јувентус ќе продолжи со својата доминација
во Италија.
„Јувентус освои
седум титули во низа, порано или подоцна ние ќе ги сопреме“ изјави Сантон за „Rmc
Sport“, но додаде дека таа мисија ќе биде тешка, ја издвои
и причината поради тоа.
„Ќе се обидеме,
но ќе биде тешко бидејќи тие донесоа фантастични засилувања во тимот, сепак,
ние можеме да се бориме да бидеме дел од топ екипите во Лигата“ додаде
дефанзивецот.
Како за
потсетување, Тоти претходно изјави дека Јувентус нема конкуренција во битката
за титулата во Италија, неговото предвидување беше дека Римската волчица ќе се
обиде да заврши на второто место на табелата во Серија А, или најмногу до
четвртото за да се пласира во групите од Лигата на шампионите.