Агентот на
Бразилецот од редовите на Челси, Жоргињо, упати обвинување до италијанскиот
калчолигаш Наполи поради тоа што не подал рака за трансферот на неговиот
фудбалер во Манчестер Сити, тој издвои дека постоел договор и се’ одело според планот.
„Се’ одеше беше според планот за Жоргињо, постоеше
договор, но, немаше договор помеѓу обата клуба, тие требаше да седнат и да преговараат,
но едната страна на крајот не’ подаде рака. Потоа Челси праша каква е ситуацијата откако Сари пристигна во
тој клуб и Жоргињо се пресели во Лондон“ истакна Жоао Сантош за „Radio
Kiss Kiss Napoli“.
Бразилецот игра
одлично под водство на Сари и во Челси, каде потпиша петгодишен договор а
висината на обештетувањето за неговиот трансфер изнесуваше 50 милиони фунти.