Во изминатите месеци често се пишуваше за лошиот однос меѓу Мурињо и Погба и можноста фудбалерот да се врати во Јувентус или да направи трансфер во Барселона.
Иако неодамна имаше вест дека Мурињо и Погба седнале на маса и ги надминале недоразбирањата, Французинот не ја отфрла можноста да замине во јануари.
„Многу се зборува за мојата иднина, но јас сум под договор со Манчестер“, вели Погба за шпекулациите.
„Јасно е дека мојата иднина во моментов е во Манчестер, се уште имам договор и играме таму, но кој знае што ќе се случи во следните неколку месеци“.
Погба беше запрашан и за односот со Мурињо.
„Имаме чист однос тренер-играч, тоа е така. Во една работа може да бидете сигурни, секогаш ќе давам 100 проценти без разлика кој е тренер, секогаш давам се за Јунајтед“.