Интересот на „Бјанконерирте“
за популарниот СМС е добро познат, фудбалерот на Лацио повеќе од една година е
на радарот на актуелниот шампион на Италија.
Но
„Бјанкочелестите“ не помислуваат лесно да се откажат од својата ѕвезда и
поставија висока цена од преку 120 милиони евра, која го спречи Јувентус да
тргне по Србинот ова лето, особено откако „Старата Дама“ одвои рекордни 112
милиони евра за Кристијано Роналдо.
Сергеј Милинковиќ
Савиќ сепак не е единствениот играч од Србија во тефтерите на Бепе Марота и
Фабио Паратичи. Неколку ивори од Италија денеска објавија дека Јувентус го
мерка и неговиот сонародник Никола Миленковиќ.
20 годишниот
дефанзивец ја игра својата втора сезона во Фиорентина откако минатото лето
пристигна од Партизан за нешто над 5 милиони евра.
Тој важи за еден
од најперспективните млади играчи, но Јувентус нема да има лесна задача ниту
пак ќе помине ефтино со оглед на тоа дека „Виолетовите“ изминатово лето одбија
35 милиони евра од Атлетико Мадрид, а во трката за потписот на Никола
Миленковиќ се очекува да се приклучат уште неколку клубови помеѓу кои и Баерн
Минхен.