Далиќ жали за критиките кон Роналдо: Ништо лично, само не сакам себични играчи

by
1 минути читање

Вечерва со
почеток од 20 часот и 45 минути Португалија на домашен терен ќе го пречека
светскиот вицепрвак Хрватска во контролна средба на која вон комбинација за
настап е првата ѕвезда на домаќините, Кристијано Роналдо.

Од поодамна беше
најавено дека Роналдо нема да игра на оваа контролка, а како причина се наведе
тоа што посакува целосно да се посвети на својот нов клуб Јувентус, каде
направи трансфер ова лето.

Роналдо не
присуствуваше на церемонијата на доделувањето на наградите каде со титулата „Најдобар“
се заќити неговиот поранешен соиграч Лука Модриќ од Реал Мадрид, а еден од тие
кои го критикуваа тој потег на Португалецот беше и селекторот на Хрватска,
Златко Далиќ, тој само дообјасни дека не сака себични играчи.

Критиките кон
Кристијано Роналдо? Жал ми е што дојде до тоа, тоа беше дел од мојот одговор
зошто не беше на доделувањето на наградите и околу негативните коментари кон
Лука, одговорив дека тоа е себично и дека не сакам такви играчи, ништо лично,
можеби поинаку презентирано, жал ми е поради тоа
“ рече Далиќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×