Погба нема да замине од Манчестер јунајтед во јануари, Французинот направил пакт со Мурињо

by
1 минути читање

Фудбалерот од средниот ред во август изрази желба да ја промени средината, неговиот агент Мино Рајола се обиде да издејствува преселба во Барселона, но „Ѓаволите“ не сакаа да слушнат за продажба на Пол Погба.

Се најавуваше дека Французинот веќе во јануари ќе побара трансфер, во игра покрај Барселона беше споменат и Јувентус, но последните информации велат дека тој нема да го напушти Олд Трафорд во зимскиот преоден рок.

Според пишувањата на Мирор, Пол Погба седнал на маса со Жозе Мурињо за да ги испегналаат недоразбирањата. Вeсникот вели дека играчот се сложил да остане во Манчестер јунајтед барем до следното лето.

Репрезентативецот на „Триколорите“ се уште има оредени проблеми со „Специјалниот“, но двајцата се договориле дека Пол Погба сезоната 2018/19 ќе ја заврши во најтрофејниот клуб од Англија и следното лето фудбалерот ќе реши за својата иднина.

Мирор овој пакт го споредува со оној помеѓу Сер Алекс Фергусон и Кристијано Роналдо во 2008, кога ЦР7 остана уште една година но му беше дозволено во 2009 да направи трансфер во Реал Мадрид за тогаш рекордни 80 милиони фунти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×