Жоргињо: Ми недостасува сонцето, храната и топлите луѓе во Неапол

by
1 минути читање

Жоргињо го следеше тренерот Маурицио Сари и заедно со него од Наполи се пресели во Челси.

„Разликата меѓу Премиерлигата и Серија А? Треба да го искусите тоа за да разберете, таму има тренинг центар со 38 фудбалски терени, мислам дека тоа зборува многу“, вели Жоргињо.

„Серија А се уште е прекрасна и возбудлива лига која е гледана во целиот свет. Доаѓањето на Кристијано Роналдо е важно за лигата и јас би сакал да се вратам еден ден“.

„Има разлика во ритамот на натпреварите и физичките дуели во Премиерлигата. Ми се допаѓа тоа, натпреварите се играат во високо темпо. Премиерлигата е прекрасна“.

„Но, ми недостасува Неапол, тоа е прекрасно место. Ми недостасува сонцето, храната, пријателите, топлината на луѓето“.

„Поминав фантастични години во Наполи и секогаш ќе го сакам тој тим“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×