Летниот преоден
рок во Италија заврши пред три недели, а зимскиот ќе се отвори дури по четири
месеци, но и покрај тоа, медиумите често шпекулираат за можните засилувањеа на
Јувентус.
Пол Погба се
најавува како следната „бомба“, „Старата Дама“ исто така внимателно ја следи
ситуацијата и на Адриен Рабио кој ја одработува последните година од договорот
со ПСЖ, а продолжува да се пишува и за преселба на Марсело во Торино.
Поранешниот
главен скаут на „Бјанконерите“, Хавиер Рибалта сега во разговор со Тутоспорт ги
прокоментира овие шпекулации.
„Мислам дека само
Марсело би можел да пристигне, за другите двајца е невозможно“ – вели Рибалта,
кој од 2012 до 2017 беше дел до Јувентус а сега е спортски директор на Зенит, и
најзаслужен што Клаудио Маркизио се пресели во Санкт Петербург.