Гризман разочаран: Заслужив да бидам во топ 3

by
1 минути читање

Кристијано
Роналдо, Мохамед Салах и Лука Модриќ се тројцата фудбалери номинирани за
наградата „Најдобар“, изоставени од изборот се ѕвезди од типот на Лионел
Меси и Антоан Гризман, вториот ја подигна светската титула од првенството во
Русија со својата селекција Франција.

Токму фудбалерот
на Атлетико Мадрид е зачуден на овој избор, вели дека заслужил да се најде во
конкуренцијата и додаде дека чудно е тоа што токму ФИФА ја врачила светската
титула, а ниту еден од тој состав на Триколорите не се најде во изборот.

Заслужив да се
најдам во топ 3, пред две години изгубив во две финалиња и бев во конкуренција,
а оваа година победив во три финалиња и не сум во конкуренција
“ изјави Гризман.

Чудно е тоа што
токму ФИФА не награди со трофеј на Мундијалот, а нема ниту еден од нас во
изборот за најдобар фудбалер, изненадувачки е…
“ додаде офанзивецот на
Атлетико Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×