Клајверт: Сакам да бидам стартер

by
1 минути читање

Офанзивецот на
Рома, Џастин Клајверт потврди дека сака да биде стартер, но признава дека
неговото време се уште не е дојдено за тоа.

Младиот фудбалер
кој е голема надеж на холандскиот фудбал се приклучи на Калчолигашот ова лето,
дојде од Ајакс а веќе запиша една асистенција во својот нов клуб, и тоа во
голот на Џеко во воведното коло од Серија А во новата сезона.

Сакам да станам
стартер, моето време се уште не е дојдено, но веќе играв неколку минути и сум
среќен за тоа. Сите знаеа дека ќе има тежок старт во Рома, бидејќи сите
очекуваа многу
“ вели тој.

Во Ајакс имав
голема слобода на теренот, тука морам да играм близу средината, се повеќе и
повеќе се чувствувам слободен
“ додаде 19 годишниот фудбалер кој иако беше на
мета на повеќе европски гиганти, на крајот се реши за Римската волчица.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×