Елиминација за Адеми и Николов, Македонија без фудбалер во Лигата на шампионите

by
1 минути читање

Динамо Загреб одигра 1-1 на првиот дуел во Швајцарија против Јанг Бојс и важеше за сериозен фаворит за пласман во Лигата на шампионите, но хрватскиот тим потфрли.

А добро го почнаа мечот, Динамо поведе уште во седмата минута со гол на Хајровиќ.

Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми кој е капитен на Динамо Загреб, поради повреда го напушти мечот уште во 32. минута.

Комплетниот пресврт се случи за две минути во второто полувреме, Јанг Бојс го сврте натпреварот со два гола на Оаро во 64 и 66 минута, победи со 2-1 и со вкупни 3-2 се пласира во групната фаза од Лигата на шампионите.

Динамо Загреб ќе игра во групите од Лига Европа каде што ќе биде и Мол Види на Бобан Николов.

Унгарскиот тим на свој терен беше поразен со 2-1 од АЕК, а денеска во Грција одигра нерешени 1-1. Николов го одигра само првото полувреме.

Ваквите резултати значат дека оваа сезона во Лигата на шампионите ќе нема македонски фудбалер.

Пласман во групната фаза денеска обезбеди и Ајакс кој одигра 0-0 на гостувањето кај Динамо Киев, но во Холандија обезбеди победа од 3-1 поради која е во елитата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×