„Играчот го има последниот збор, но не сме глупави“ – Севиља практично го потврди трансферот на Маријано во Реал

by
1 минути читање

Севиља и Лион
вчера постигнаа договор за трансфер на напаѓачот Маријано Диаз на „Писхуан“ за
рекордни 40 милиони евра за клубот од Андалузија.

Сепак,
репрезентативецот на Домениканска Република е на чекор до Сантијаго Бернабеу
откако Реал Мадрид реши да ја искористи опцијата да го врати фудбалерот во
своите редови.

„Кралевите“
минатото лето му го продадоа голгетерот на Лион за 8 милиони евра, но во
договорот беа вметнати две клаузула. Едната клаузула на Реал му дава право да
ја изедначи секоја официјална понуда во рок од 48 часа, додека пак втората му
гарантира 35% од следната продажба.

Реал ќе ја
искористи оваа опција и шампионот на Европа веќе ги известил лидерите на
Севиља.

„Ние сме
амбициозен клуб и затоа се обидуваме да направиме амбициозни зделки“
– вели претседателот
Хосе Кастро. „Мадрид имаше опција да го врати и не известија дека ќе ја
активираат клаузулата“.

„Но играчот ни
нема кажано ништо, го чекаме неговиот одговор бидејќи безброј пати ни кажа дека
ја сака само Севиља“.

Првиот човек на
Севиља вели дека не му се лути на Реал Мадрид но дадава: „Реал Мадрид цело лето
не се обиде да го врати Маријано и сега кога Севиља го договори, тие одеднаш
пројавија интерес… но се додека играчот не се појави на презентација и не
стави потпис на договорот ништо не е готово“.

„Но не сме
глупави, штом играчот ни се нема јавено знаеме што значи тоа…“.

Според пишувањата
на АС и Марка, тренерот на Реал, Хулен Лопетеги лично му се јавил на играчот за
да му објасни дека ќе ужива голема минутажа и сега само прашање на време е кога
„Кралевите“ официјално ќе го потврдат трансферот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×