547
Олимпик Марсеј и
официјално го потврди ангажманот на фудбалерот од средниот ред на Рома, Кевин
Стротман за 25 милиони евра плус 3 милиони евра во бонуси, доколку се исполнат
одредени услови во договорот.
Холандскиот интернационалец
успеа да се врати во својата посакувана форма иако под знак прашалник беше дали
воопшто ќе продолжи со фудбалот по тешките повреди со кои се здоби, сепак,
италијанскиот клуб реши на него да заработи, а од неговата продажба се чини
извлече максимум.
28 годишниот
фудбалер кариерата ја продолжува во минатосезонскиот финалист од Лига Европа, а
од Рома му се заблагодарија за придонесот во клубот каде мина пет сезони.