Напаѓачот на
поранешниот шампион на Англија, Џејми Варди најави повлекување од националната
селекција на Гордиот Албион, но, тој истакна дека „нема да ја затвори вратата
целосно“ и ќе одговори на повик на селекторот во случај на криза со повредени
фудбалери.
Варди подвлече
неколку причини зад неговата одлука, вклучувајќи ги неговите години (31), како
и неговото семејство. Напаѓачот веќе го информирал селекторот Герет Саутгејт за
оваа одлука со која го запознал по крајот на Мундијалот во Русија а сега
остварил и телефонски разговор на таа тема.
„Ќе бидам искрен
со целата јавност, ова ми беше во ум подолг период. Не сум повеќе млад како што
гледате, сакам да бидам и фер кон селекторот, тој сака да го подмлади тимот, од
истото имавме и бенефит на Светското првенство, стигнавме до полуфиналето и
завршивме на четвртото место“ изјави Варди.