Севиља за 40 милиони договори напаѓач од Лион, Реал сепак ќе им го „украде“?!

by
1 минути читање

Реал Мадрид ова
лето се поврзуваше со голем број имиња, но до овој момент „Кралевите“ се
засилија само со Одриозола и Куртоа. Се најавуваше дека шампионот на Европа во
последните денови може да приреди бомба и да го донесе Нејмар или Мбапе доколку
ПСЖ биде казнет од УЕФА.

Сепак, Реал
најверојатно ќе донесе едно непланирано засилување. Голем број на медиуми од
Шпанија вчера пренесоа дека Севиља го договорила Маријано Диаз од Лион за 40
милиони евра плус бонуси.

„Кралевите“ имаат
опција први да го ангажираат напаѓачот и сега имаат 48 часа да ја изедначат
понудата. Се говори дека лидеите на Реал сериозно размислуваат да ја искористат
оваа опција и да го донесат играчот на Сантијаго Бернабеу.

Реал Мадрид
поседува 35% од правата на 25 годишниот репрезентативец на Домениканска Република, па ќе им треба нешто над 26 милиони евра за
да го вратат Маријано во своите редови откако минатото лето му го продадоа на
Лион за 8 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×