По киксот на
стартот и поразот од Сасуоло, Интер вечерва повторно киксираше. Овој пат
избраницие на Сплети испуштија победа против Торино. „Нероаѕурите“ одлично го
започнаа мечот, поведоа во 7. минута со голот на Перишиќ, доминираа на теренот
и во 32. минута преку Де Врај обезбедија убава позитива на полувреме.
Сепак, домаќините
потфрлија во вторите 45 минути а Торино знаеше како да го искористи тоа. Белоти
намали на 2-1 во 55. минута, а Маите го шокираше противникот во 68. минута и
изедначи на 2-2.
Интер се обиде да
се врати во предност имаше неколку прилики, но Сиригу не дозволи да биде
совладан по трет пат.
На другите
денешни натпревари, Пандев и Џенова со 2-1 триумфираа над Емполи, Македонецот
на теренот помина 54 минути. Фиорентина со убедливи 6-1 славеше над Киево,
Удинезе со минимални 1-0 ја победи Сампдорија а ист беше и резултатот ма мечот
помеѓу СПАЛ и Парма. Каљари и Сасуоло ги поделија бодовите, а победник немаше и
на пресметката помеѓу Фросиноне и Болоња.