Ракитиќ го прекина молкот, Хрватот се огласи по шпекулациите за трансфер во ПСЖ

by
1 минути читање

Фудбалерот од средниот ред ова лето во неколку наврати се поврзуваше со преселба во Париз, а гласините добија на интензитет во последниве недели.

Се шпекулира дека „Светците“ се подготвени да платат 90 милиони евра за 30 годишниот репрезентативец на „Коцкестите“, а и самиот играч го примамуваат со многу повисока плата од онаа која ја добива во моментов.

По вчерашната победа над Ваљадолид, Иван Ракитиќ потврди дека ПСЖ доставил понуда, но откако ги разгледал сите аспекти и се консултирал со семејството, решил да продолжи на Камп Ноу.

„Останувам, донесов одлука. Гордост е да се носи овој дрес. Ова беа спектакуларни четири години и сигурен сум дека ќе има уште многу. Ниту еден клуб не може да ми го понуди она што најдобриот клуб во светот ми го дава“ – вели Хрватот.

„Размислив добро, заедно со моето семејство се сложивме дека ни е убаво тука и дека продолжуваме, на крајот одлуката беше лесна“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×