Арсенал со пресврт до победа во градското дерби против Вест Хем (ВИДЕО)

by
1 минути читање

По ремито помеѓу
Волверхемптон и Манчестер Сити во првиот меч за денеска во третото коло од
англиската Премиерлига, во стандардниот термин од 16 часот се одиграа четири
средби, меѓу кои дербито од истите се играше во Лондон, каде во градското дерби
се сретнаа Арсенал и Вест Хем.

Топчиите славеа
со 3-1, а на полувремето резултатот беше израмнет и гласеше 1-1. Први поведоа
фудбалерите на Вест Хем кои со голот на Арнаутовиќ во 25. минута го отворија
мечот на резултатски план, но нивната радост траеше само пет минути.

Монреал израмни
на 1-1 во 30. минута и со тој резултат се замина на паузата, а во 70. минута
Диоп со својот автогол донесе водство а воедно и пресврт за домаќините од 2-1.
Конечните 3-1 ги постави Велбек со гол во финишот од средбата.

Резултати:

Арсенал – Вест Хем
3:1

Борнмут – Евертон
2:2

Хадерсфилд –
Кардиф
0:0

Саутемптон –
Лестер 1
:2

Во 18,30 часот се
среќаваат Ливерпул –  Брајтон, а утре
играат Ватфорд – Кристал Палас, Фулам – Барнли и Њукасл – Челси. Третото коло
ќе се комплетира со дуелот помеѓу Манчестер јунајтед и Тотенхем, предвиден да
се одигра во понеделник.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×