Лидс гостува кај
Норвич во петтата рунда натпревари од англиската Чемпионшиплига, а тимот на
Марсело Биелса игра фантастично во неколкуте воведни кола од тој шампионат.
Нашиот репрезентативец
Езгјан Алиоски во 26. минута од таа средба погоди за 0-2 по само пет минути од
водечкиот гол за тимот од Еланд Роуд, а Македонецот одлично се снајде во казнениот
простор на домаќините постигнувајќи го вториот гол во новата сезона од
Чемпионпишлигата по оној против Дерби.
Lovely move pic.twitter.com/3yoOaj1ACd
— Pinned (@Backagain28) August 25, 2018
Ова е најубав
можен одговор на Алиоски по мечот од минатото коло каде Лидс на гостувањето кај
Свонси одигра 2-2, а нашиот офанзивец беше заменет по само 45 минути игра, а
Биелса имаше објаснување за таа негова одлука (повеќе – ТУКА).