Сити не го посака среќата, имаа три пречки а примија и гол со рака (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Првиот меч од третото коло во Премиерлигата заврши без победник, Вулверхемптон го сопре Манчестер Сити. Во возбудлив меч со многу шанси, домаќините поведоа 57. минута кога Боли со рака го матираше Едерсон, но никој не го забележа потегот на дефанзивецот.

Сити брзо се врати и изедначи преку Лапорт во 69. минута. Гостите потоа силно притиснаа по три бода, но „Волците“ издржаа. Исто така среќата не беше на страна на гостите, тие три пати ја погодија рамката од голот, последниот пат ов 95. минута кога Агуеро од слободен удар погоди пречка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×