Ефектот на Роналдо, Јувентус надмина магична граница и вреди како никогаш до сега

by
1 минути читање

ЦР7 можеби го чинеше шампионот на Италија преку 100 милиони евра, а има и далеку најголема плата од сите останати во Серија А и примања од 30 милиони евра по сезона, но тој веќе ја ислаќа инвестицијата надвор од теренот.

Дресот на Јувентус се продава како никогаш претходно, а истото важи и за акциите на клубот. За прв пат по мај 2002, една акција вчера се продаваше за повеќе од 1 евро. Со оглед на тоа дека клубот имаше две докапитализации, ова може да се смета за рекордна цена.

Откако почнаа да кружат гласините за пристигнување на Кристијано Роналдо, акцијата на Јувентус забележа огромен раст и од 1. јули до сега има порасната за повеќе од 55% (од 0,660 на 1,024 евра).

Со ваква цена на акциите, вредноста на Јувентус ја надмина магичната граница од 1 милијарда евра, и сега вреди 1,035 милијарди.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×