141
Дербито на „Ел-Еј“ заврши без победник, „Галаски“ поведе но ФК изедначи во вториот дел.
Златан Ибрахимовиќ беше тој кој го отвори резултатот, напаѓачот смири една топка на гради во петерецот, и потоа умешно со нога ја закачи доволно за да го изненади голманот, но еден од дефанзивците расчисти на гол линија. Ибра тргна да се радува, но судијата не реагираше и акцијата продолжи. Сепак, по прегледување на повторените снимки голот беше признат. За Швеѓанецот ова беше 499. погодок во кариерата, но на крај се покажа како недоволен за три бода, Карлос Вела од пенал донесе 1-1.