Ибраими и донесе минимална победа на Шкендија против Шериф (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Шкендија со предност од 1-0 ќе патува во Молдавија на реваншот против Шериф, тоа е исходот од денешниот прв меч.

Херој и овој пат беше најдобриот играч на Шкендија, Бесарт Ибраими кој го даде единствениот гол, одлична партија имаше и Дино Захов кој спречи гостите да ја затресат мрежата на македонскиот шампион.

Шкендија може и да жали што не победи со повеќе голови разлика бидејќи имаше неколку убави прилики да го направи тоа, но гостите имаа среќа. Сепак шанси имаше и Шериф, но Захов со пет одлични одбрани беше еден од најзаслужните за победата.

Клучниот момент се случи во 24. минута кога Бесарт Ибраими постигна гол од слободен удар кој се покажа и единствен на мечот.

Реваншот се игра за седум дена во Тираспол. Ако Шкендија го помине Шериф, во следното квалификациско коло ќе игра против Салцбург.

Фото: ФК Шкендија

Можно е и ова да ти се допаѓа

×