„Каталонците“ се
на чекор до третото големо засилување ова лето, по Артур и Ленгле, на Камп Ноу пристигнува Малком од Бордо.
Бразилецот вчера
требаше да отпатува за Рим и да потпише со Рома, но не се качи во авионот откако
Барселона во последен момент достави понуда. Утрово неговиот агенти пристигнаа
во Шпанија на средба со преставници на Барса и двете страни за кратко време
пронајдоа заеднички јазик.
Медиумите
пренесуваат дека Бразилецот до крајот на денот треба да допатува во Барселона за да
ги помине редовните лекарски прегледи и да се комплетира трансферот вреден 41
милион евра.
21 годишниот крило го привлече вниманието на голем број клубови ширум Европа откако минатата сезона во Франција постигна 12 погодоци, сезоната ја заврши како најдобар стрелец на Бордо, а зад своето име забележа и 7 асистенции.