„Старата Дама“
направи бум со ангажман на Кристијано Роналдо за рекордни 112 милиони евра.
Ривалите од Серија А за сега не можат да го следат чекорот на Јувентус, но
Марко Тронкети Провера се надева дека Интер ќе може да одговори на предизвикот
во иднина.
Првиот човек на
Пирели, кој е и малцински акционер во Интер, очекува Кинезите да го одврзат
ќесето веднаш штом завршат рестрикциите поради Финансискиот фер плеј („Нероаѕурите“
уште една година ќе бидат под лупа на УЕФА).
„Трансферот на
ЦР7 во Јувентус е многу добра вест за италијанскиот фудбал, Калчото ќе привлече
поголемо внимание, дури и за другите тимови се отвара простор за поголеми
приходи. Мора да им се честита на лидерите на „Старата Дама“, завршија одлична
работа. Трансферот за другите можеби носи загриженост, но и мотив плус“ – вели Провера.
„Дали Интер ќе
одговори во иднина со звучно име? Се надевам, веднаш штом правилата за Финансиски
фер плеј ќе го дозволат тоа, Сунинг мора да тргне по некого, а зошто тоа да не
биде Меси, кој би можел да го одбие Меси?“
„Една ваква
зделка сигурно ќе ги возбуди фановите“.