Погба не се гледа во тактиката на Мурињо, го фаќа носталгија за Јувентус

by
1 минути читање

Пол Погба
повторно се поврзува со шампионот на Италија. Французинот пред две години го
напушти Торино за да се врати на Олд Трафорд каде што имаше недовршена работа. Но неговата втора
авантура со „Црвените ѓаволи“ не оди според планот, фудбалерот игра под
очекувањата и неколку пати влезе во конфликт со Жозе Мурињо.

Ова лето веќе се
појавија информации дека тој би можел одново да го облече дресот на Јувентус
доколку Миралем Пјаниќ биде продаден, a денеска излезе нова шпекулација, Марка
пишува дека Пол Пога не се гледа во тактиката на Мурињо и веќе му дал инструкции
на Мино Рајола да му пронајде нов клуб или поточно да го однесе во Торино.

Весникот пишува
дека Французинот го фаќа носталгија за Јувентус, и сега откако „Старата Дама“
го ангажираше Кристијано Роналдо, Пол Погба верува дека токму „Бјанконерите“ го
имаат најдобриот проект.

Мино Рајола веќе
ги извесил лидерите на Манчестер јунајтед дека сакаат да ја променат
средината, но проблем е тоа што „Ѓаволите“ пред две години платија 110 милиони
евра, и ако се разделат со фудбалерот, ќе сакаат во целост да си ја вратат оваа
сума и по можност да заработат некој милион.

Марка исто така
додава дека конроверзниот агент со месеци „брка“ и други опции и опипува каков е
интересот за неговиот клиент ширум Европа. Тој неодамна ја известил Барселона дека Пол Погба
е на продажба, но „Каталонците“ немаат загризано посериозно.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×