Поранешниот
италијански селектор, како и тренер на Јувентус, Марчело Липи упати „добредојде“
за потенцијален трансфер на Роналдо во Старата Дама, нешто што е актуелна тема
изминативе неколку денови, тој верува дека Серија А конечно ќе има огромна
ѕвезда во лигата после толку години.
„Во Јувентус има
многу паметни играчи, тоа е една од причините зошто тие победуваат.
Интелегентни луѓе знаат дека шампион од калибарот на Роналдо не можат да имаат
плата како нормални фудбалери“ рече Липи.
„Ајде да
погледнеме малку и од страната на играчкиот аспект, да бидеме малку среќни,
бидејќи после толку години, одличен фудбалер ќе дојде во Италија“ додаде тој.
Португалецот и на
свои 33 години игра фудбал на едно високо ниво, вели Липи, а легендарниот
италијански тренер верува дека Роналдо може и натаму да бележи голема бројка на
погодоци на годишно ниво.
„Тој има 33
години, а ќе игра фудбал на едно мошне високо ниво уште три или четири години.
Тој исто така е фудбалер кој постигнува повеќе голови отколку што игра
натпревари, се уште може да бележи по 50 или 60 погодоци на годишно ниво“
издвои Липи.