Според
неофицијалните информации кои пристигнуваат, се вели дека францускиот првак ПСЖ
наводно испратил понуда до Барселона, за Филипе Кутињо, и тоа во висина од цели
270 милиони евра, а доколку тоа се оствари, ќе биде срушен претходниот рекорд
по трансферот на Нејмар.
Мундо Депортиво
пишува дека по трансферот на Нејмар вреден 222 милиони евра, ПСЖ нема да се штеди ниту во
оваа намера, да во своите редови го доведе и неговиот сонародник.
Каталонскиот
медиум пренесува дека еден од агентите на Кутињо веќе е запознаен со тоа дека
може да дојде до нов светски рекорд на трансфер пазарот, а наводно, доколку
успее во намерата, ПСЖ со тоа би ги задоволил условите на Нејмар во клубот, за
кого евентуален ангажман на Кутињо би значело и подолг престој во францускиот
клуб.
Кутињо во јануарскиот
преоден рок пристигна на Камп Ноу за 150 милиони евра, а во својот договор со
Каталонците има откупна клаузула од 400 милиони евра, па прашање е колку
Барселона е подготвена да се откаже од неговите услуги, доколку овие информации
се точни.