„Штом никој не негира, Роналдо се сели во Јуве, Реал ќе го замени со две ѕвезди“

by
1 минути читање

Боцо е многу добар познавач на приликите во Јувентус, тој помогна при трансферот на Мората од Реал Мадрид во 2014 и му беше агент на Бернардески кој минатото лето пристигна од Фиорентина.

„Не се сомневам во Жорге Мендеш кој е врвен агент кој работи 24 часа дневно. Го следам случајот и мислам дека ова е одлично за италијанскиот фудбал. Исклучителен момент е кога најдобриот фудбалер во светот и добитникот на Златната топка доаѓа во Серија А“, вели Боцо.

„Никој не го негира трансферот а тоа значи дека ќе се случи. Сите се отидени премногу далеку за да можат да се вратат. Кога ќе се случи? Потребно е уште малку трпение. Тоа ќе биде корисно за Јувентус да направи некои трансфери а Реал Мадрид да купи најмалку двајца кои ќе го заменат Роналдо“.

„Доколку легендарниот Флорентино Перез дал збор, тој ќе го одржи 100%, имав среќа да го запознаам него“.

„Доколку Кристијано замине, Реал Мадрид ќе сака да го замени со 2-3 големи фудбалери. Можеби нема да успеат да ги донесат Нејмар и Мбапе поради богатството на ПСЖ, но може да купат некои од Азар, Кејн или Икарди“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×