BET-IBC совети за обложување: Сити и Ред Булс ќе покажуваат кој е главен во Њујорк

by
4 минути читање

Дали барате место
за да ставите облози на некој од подолу наведените натпревари? Или можеби на
сите од нив? Сега имате можност за добитни облози во Азија со BET-IBC.

Њујорк Сити –
Њујорк Ред Булс: Над 2,5 погодока

Овој викенд на
програмата во МСЛ шампионатот е големото градско дерби на Њујорк. На Јенки
Стадионот, „Граѓаните“ ги пречекуваат „Биковите“. Во пресрет на натпреварот,
Њујорк Ред Булс остана без тренерот Џеси Марш, кој по три ипол години поминати
на кормилото реши да се повлече со цел да „брка“ други предизвици и
најверојатно ќе биде именуван за нов предводник на Ред Бул Салцбург. Неговата
улога ќе ја превземе Крис Армас, кој му беше прв помошник. И Њујорк Сити има
нов тренер откако Патрик Виеира минатиот месец си поднесе оставка за да се
пресели во Ница, а на негово место беше назначен Доменик Торент. За „Граѓаните“
мал хендикеп можеби е тоа што Торент, порабешен асистент на Пеп Гвардиола во
Барселона, Баерн и Манчестер Сити, немаше многу познавање од тоа како
функционира Њујорк Сити па се уште се прилагодува, додека пак Крис Армас е
добро упатен во стилот на игра кои го негуваат „Биковите“. Што се однесува до
можните состави, најзвучното име на домаќините, Давид Виља се мачи со ситна
повреда и е под знак прашалник за овој меч, додека пак во редовите на гостите
се враќаат неколку играчи по репрезентативна должност и во стартниот состав
веднаш би можеле да се најдат Мурињо и популарниот „Каку“. По традиција,
мечевите на ривалите од Њујорк секогаш се полни со возбуда, до сега не се
случил натпревар без ниту еден погодок. Њујорк Сити влегува како благ фаворит
поради формата која ја прикажуваат на домашен терен оваа сезона, каде имаат
осум победи на последните девет меча, а на девет од последните десет меча пред
своите фанови имаат постигнато најмалку два погодока. Исто така на 13 од
последните 14 меча на „Граѓаните“ во МЛС паднале над 2,5 погодока, па за
очекување е уште една пресметка со многу погодоци.

За да заштедите
време, можете да се обложувате на повеќе сметки со регистрирање на
најдобриот софтвер за обложување.

Молде –
Валеренга: Победа на домаќините

И додека
најголемиот дел од првенствата се на пауза или полека се подготвуваат за новата
сезона, првенството на Норвешка е во полн ек. Денеска на програмата се шест
меча од 16. коло а прилично возбудливо ќе биде Акер Стадионот каде Молде ја
пречекува Валеренга во дуел на две екипи кои имаат високи амбиции. Домаќините
во моментов со 26 поени се на четврата позиција на табелата и имаат -8 во однос
на лидерите Бран. Гостите пак се четири места подолу со 23 поени на своето
конто откако влегоа во лоша серија, особено на гостувањата. Од последните пет
меча Валеренга има само една победа, и само еден освоен бод на три меча на
гости. За разлика од нив, формата на Молде е во нагорна линија, со две победи
без примен гол во низа. Особено импресивен беше тримфот на последниот меч
против лидерот Бран, кога Халанд постигна четири гола за 21. минута и донесе
големи три бода за Молде (пред овој меч, Бран на домашен терен имаше примено
само еден гол оваа сезона). Овие два противника веќе се имаат сретнато еднаш
оваа сезона, натпревар кој заврши 0-0. Интересен податок е тоа што изминативе
две сезони, кога Молде беше домаќин, мечевите завршија со идентичен резултат.
Во 2017, избраниците на Оле Гунар Солскер триумфираа со 4-0, а победа со
„покер“ Молде забележа и во 2016. Молде е прилично солиден на домашен терен, на
последните три меча пред совите фанови забележаа три победи, постигнаа осум
пгоодоци и примија само еден. Доколку и денес ги повторат овие перформанси,
сигурно ќе стигнат до победа. На нивна страна е и тоа што Валренга се мачи кога
гостува кај тимовите од горниот дел на табелата. На пет пет меча против ривали
од горниот дел на табелата, тие не добија ниту еден, примија загрижувачки 11
погодоци, и дури на четири од овие пресметки примија барем по два гола. Доколку
во предвид се земат перформансите на двата тима во последниот период, како и
лошата форма на Валеренга на гости против топ тимовите, за очекување е Молде да
стигне до победа изразена со повеќе погодоци.

Допрете го врвот
и обложувајте се без лимит и со облози на високи суми во Азија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани