Италијанската берза го праша Јуве дали ќе го купи Роналдо, еве што одговорија „Бјанконерите“

by
1 минути читање

Откако на
почетокот на неделата се погласно почна да се говори за мега трансфер на
Кристијано Роналдо во Торино, акциите на Јувентус веднаш скокнаа. Нивната
вредност се зголеми за 22% за три дена, со што вредноста на клубот порасна за
160 милиони евра.

Растот на акциите
продолжи и денеска, тие пораснаа за нови дополнителни 7,44%, па ова предизвика
реакција од Комисијата за компании и берзи (
CONSOB) која го праша Јувентус какви му се намерите во
врска со Кристијано Роналдо.

„Старата Дама“
сепак не стори ништо за да ги запре шпекулациите и само порача дека се разгледуваат
неколку опции.

„На барање на CONSOB, околу сториите кои неодамна беа објавени
во медиумите, Јувентус сака да појасни дека за време на преодниот рок клубот
разгледува различни можности на трансфер пазарот. Клубот ќе обезбеди адекватни
информации, како што налагаат правилата, откако комплетно ќе ги евалуира сите
можности“
– гласеше известувањето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани