Агентот за големи облози во Азија и овој ден со неколку предлози ќе ви помогне да се одлучите што
да одиграте.
Бразил – Белгија:
Двата тима постигнуваат погодок
Најатрактивниот
дуел во четвртфиналето секако е пресметката помеѓу Бразил и Белгија.
„Кариоките“ пристигнаа како кандидат број еден за златото во Русија, додека пак
„Црвените ѓаволи“ според многумина беа фаворит од сенка за насловот светски
шампион. Избраниците на Роберто Мартинез сами си го трасираа овој пат и си
закажаа пресметка со Бразил откако триумфираа над Англија во меч кој за двете
репрезенации подобро беше да загубат. Се очекува за пресметката во Казан да има
промени во составите на двете репрезентации. Тите веќе соопшти дека Марсело се
враќа во првиот тим откако левиот бек го прескокна мечот со Мексико. Касемиро е
суспендиран па на негово место Фернандињо ќе се појави на теренот од првата
минута. За Данило заврши светското првенство, па младиот Фагнер ќе продолжи со
настапите на десната бековска позиција. Што се однесува до Белгија, Роберто
Мартинез размислува шанса од првата минута да им даде на Маруан Фелаини и Насер
Шадли, резервите кои го донесоа големиот пресврт и победата над Јапонија во
осминафиналето. Доколку се случи оваа рокада, Дрис Мертенс и Јаник Караско ќе
го загубат местото во тимот. Ова ќе биде петта пресметка помеѓу Бразил и
Белгија, „Црвените ѓаволи“ го добија првиот меч во далечната 1963 година,
додека пак „Кариоките“ триумфираа на следните три. Единствениот меч помеѓу овие
две репрезентации на Светските првенства дојде во осминафиналето во 2002, кога
Бразил победи со 2-0. Бразил и Белгија во своите редови имаат голем број на
квалитетни индивидуалци, но оној кој ќе одигра подобро како колектив веројатно
ќе излезе како победник на крајот. Двете репрезентации постигнаа барем по еден
гол на своите мечеви во Русија, па за очекување е и вечерва да се тресат двете
мрежи.
Допрете го врвот
и обложувајте се без лимит и со облози на високи суми во Азија.
Уругвај –
Франција: Победа или реми за гостите
Во првото
четвртфинале на мундијалот во Русија, Уругвај се среќава со Франција во Нижни
Новгород. Популарните „Ла Селесте“ играат одлично на Светското првенство, имаат
четири победи и само еден примен гол. Франција пак споро го започна мундијалот
но „Триколорите“ го покажаа потенцијалот против Аргентина откако направија
пресврт и стигнаа до победа од 4-3. За овој меч, Уругвај има еден голем
проблем, Единсон Кавани поради повреда пред време го заврши мечот со Португалија
и сега е под голем прашалник. Напаѓачот, кој постигна три гола на СП 2018,
изминативе денови не тренираше со останатиот дел од тимот. Во таборот на
Уругвај владее молк, никој ништо не открива, но се чини дека Кристијан Стуани
ќе се појави покрај Луис Суарез во форот. Што се однесува до Франција, Дидје
Дешам исто така ќе мора да направи барем една измена, Белс Матуиди е
суспендиран поради картони. Неговото место во стартниот тим треба да го завземе
Корентин Толисо. Уругвај и Франција до овој момент на Светските првенста се
имаат сретнато во три наврати и „Ла Селесте“ немаат пораз (една победа и две
нерешени средби). Репрезентацијата од Јужна Америка има подобра статистика кога
се во прашање и сите меѓусебни пресметки, „Триколорите“ имаат само една победа
на претходните осум меча со Уругвај (заедно со четири нерешени исходи и три
порази). Интересно, Дидје Дешам авантурата на кормилото на Франција ја започна
токму против Уругвај, меч кој се одигра во август 2012 и заврши 0-0. И покрај
лошаа статистика, Франција е фаворит на овој меч, „Триколорите“ се надеваат
дека Килијан Мбапе одново ќе блесне и ќе донесе нов триумф. За разлика од
пресметката помеѓу Франција и Аргентина, тешко дека овој меч ќе изобилува со
толку многу погодоци. Уругвај игра цврсто во одбрана, офанзивците на Дешам,
особено Мбапе, нема да имаат толку простор и слобода за игра, па за очекување е
тесен натпревар со многу борба.
Дали барате место
за да ставите облози на некој од погоре наведените натпревари? Или можеби на
сите од нив? Сега имате можност за добитни облози во Сингбет без неважечки со
BET-IBC.