Во изминатите денови силно се шпекулира дека Милан ќе го ангажира Заза, некои пишуваа дека трансферот е веќе договорен, се чека само заминување на Ковачиќ за тој да биде комплетиран.
Спортскиот директор Масимо Мирабели беше запрашал дали ќе го ангажираат Заза, тој одговори:
„Не размислуваме за ниту едно засилување бидејќи не знаеме со какви ресурси ќе располагаме“.
„Тоа е како кога си гладен и си излезен надвор од дома, го отвораш новчаникот пред да одлучиш што да јадеш, дали сендвич или ќе можеш да отидеш во ресторан на кавијар и шампањ“.
„Ќе знаеме кога ќе продадеме некои играчи“.
Потоа тој проговори и за евентуалните продажби.
„Се договоривме со Бока за Густаво Гомез, но има некои проблем помеѓу фудбалерот и клубот и им дадовме два дена да ја решат ситуацијата“.
„Имаме многу понуди за Калиниќ, од Турција, Русија, Германија и Шпанија. Атлетико Мадрид и Севиља се најблиску до него“.
„Продажба на голем фудбалер? Доколку Гатузо сака да игра без некој од големите фудбалери ќе го слушнеме неговото мислење и ќе одлучиме што ќе правиме“.
„Ќе треба да видиме со што ќе располагаме, ќе има продажби и нови играчи, но ниту еден нема да дојде без Гатузо да одобри. Ова ќе биде Милан на Гатузо“.